Експертите велат дека секоја од достапните вакцини против корона е подобра отколку да не се прими ниту една, а тоа секако е точно бидејќи сите вакцини се докажани како ефикасни.
Сепак, некои од нив произведуваат антитела побрзо, некои побавно, некои повеќе или помалку, а токму тоа го анализирала студијата спроведена во Монголија.
Станува збор за мала студија во која учествувале 196 луѓе кои биле целосно вакцинирани со една од четирите вакцини: Pfizer, AstraZeneca, Sputnik V или Sinofarm. Во времето на студијата во Монголија, алфа варијантата на вирусот беше доминантна, а како што се испостави, повеќето антитела се создадени од вакцината Pfizer.
Просечното ниво на антитела кај учесниците го создала AstraZeneca, додека „релативно нискиот“ број на антитела е создаден по имунизацијата со Sinofarm и Sputnik V.