Наградата од 1,14 милиони долари ќе ја поделат годинашните добитници на Нобеловата награда за економија, универзитетски професори од Америка, Дејвид Кард, Џошуа Ангрист и Гвидо Имбенс.

Во соопштението се наведува дека добитниците на наградата дале нови сознанија за пазарот на трудот и покажале какви заклучоци може да се извлечат од природни експерименти за причините и последиците.

Дејвид Кард, професор на Беркли, ги анализираше ефектите од минималните плати на пазарот на трудот. Резултатите покажаа дека зголемувањето на минималната плата не мора да води до намалување на вработеноста.

Гвидо и Имбенс го решија методолошкиот проблем во средината на 1990-тите и утврдија, на пример, „дека продолжувањето на задолжителното образование за една година за една група студенти (но не и за друга) нема да влијае на сите во таа група на ист начин“.

Некои студенти сепак би продолжиле да учат и нивното оценување на образованието не е репрезентативно за целата група. На овој проблем, тие покажаа колку прецизни заклучоци може да се извлечат за причините и последиците од природните експерименти.

Имбенс моментално е професор по економија на Технолошките институти во Масачусетс и Кембриџ, додека Гвидо предава економија на Стенфорд.

Нобеловата награда за економија се доделува од 1969 година, а ја финансира Шведската народна банка, најстарата централна банка во светот.

Во февруари 1995 година беше одлучено оваа награда да биде дефинирана како награда за општествени науки, за да може да се доделува и во други дисциплини како социологија, психологија и политички науки.