Данска ја прекина имунизацијата со вакцината за коронавирус на АстраЗенека, поради потенцијални „сериозни несакани ефекти“, како што е згрутчување на крвта, пишува Business Insider.
Земјата престана да користи вакцина најмалку две недели, по неколку случаи на сериозни згрутчување на крвта кај вакцинираните лица, објави во четвртокот данската здравствена управа.
Еден таков случај е поврзан со смртта во Данска, според тамошните медиуми.
Властите, сепак, рекоа дека сè уште не е целосно јасно дали тромбите се поврзани со вакцината.
По Данска, уште пет земји на ЕУ превентивно суспендираа одредена серија вакцини АстраЗенека по смртта на вакцинираното лице.
Австрија, Естонија, Литванија, Луксембург и Летонија ја прекинаа употребата на сериите.
Данска целосно ја прекина употребата на вакцината, не само одредена серија.
Во Европа, едно лице имало повеќе згрутчување на крвта и починало десет дена по вакцинирањето, додека друго лице имало тромб во белите дробови, за што е хоспитализиран, објави Европската агенција за лекови (ЕМА).
ЕМА забележа уште два „тромботични настани“ кај луѓето кои примиле вакцини.
–Во моментов, нема индиции дека вакцинацијата ги предизвикала овие состојби, кои не се наведени како несакани ефекти со оваа вакцина, рече ЕМА, но додаде дека започнала истрага.