„Нужната одбрана“ во Кривичниот законик е дефинирана во членот 9. Во овој член се пропишува:
- Не е кривично дело она дело што е сторено во нужна одбрана.
- Нужна е онаа одбрана што е неопходно потребна сторителот да одбие од себе или од друг, истовремен противправен напад.
- Сторителот кој ги пречекорил границите на нужната одбрана може да се казни поблаго, а ако пречекорувањето го сторил поради силна раздразнетост или уплав предизвикан со нападот, може и да се ослободи од казна.
error: Content is protected !!