Скакулците се вклучени во европската листа на храна како дел од напорите на Европската унија за одржливо производство и исхрана.
Ова е втор пат Брисел да одлучи дека инсектите се безбедни за консумирање, откако во јуни ги одобри ларвите од брашно.
Трет штурец наскоро би можел да се најде на листата.
Европската комисија објави дека скакулците ќе бидат означени како закуска или состојка на храна во дехидрирана или замрзната форма откако ќе им се отстранат крилјата и нозете или како прашок.
Европската агенција за безбедност на храна наведува дека скакулецот Locusta migratoria е богат со протеини и не штети, но напоменува дека сепак може да предизвика реакции кај луѓе алергични на школки и мекотели или кај луѓе кои се чувствителни на глутен, пишува „Индипендент“.