Раководните лица на Џонсон и Џонсон и Рио Тинто Минералс во САД одбија да издадат предупредување за канцерогеноста на пудрата во прав базирана на азбест, пишува Блумберг.
Како резултат на тоа, околу 39.000 потрошувачи ги тужеа Johnson & Johnson и Imerys, кои го купија Rio Tinto Minerals, снабдувач на предметната пудра, од Rio Tinto.
Еден од доказите доставени до судот, како што се наведува, се мејловите од кои се гледа дека управителите на овие фирми избегнувале да го издадат предупредувањето кое со години се барало преку претставки, ангажирајќи и плаќајќи вештаци кои им помогнале во тоа.
Спорните производи беа повлечени од полиците во Канада и САД во текот на мај минатата година.
Имејловите, како што се додава, покажуваат како научниците ја промениле конечната верзија на нивниот извештај од 2009 година по налог на тие две компании. Управата за храна и лекови на САД соопшти дека делумно се потпира на извештајот во својата одлука да се откаже од предупредувањата за предметните производи.