Свети Никита е роден во Гота, ученик на епископот Теофил од Гота, кој учествувал на Првиот вселенски собор.
Кога готскиот принц Атанариќ почнал да ги мачи христијаните, тогаш свети Никита застанал пред принцот и го укорил за неговата безбожност и нечовечност.
Измачуван од страшни маки, Никита се повеќе ја признал својата вера во Христа и му се молел на Бога со благодарност.
Од тогаш му се посветил целосно на Исус Христос и му слугувал на својот Бог.
Народниот календар на обичаи вели дека денес, со оглед на тоа што се последните денови од септември, е последното време за подготовка за зимницата.