Случаите на адреналински замор стануваат се почести, а лекарите неодамна го припишуваат на влијанието на Ковид.
Овој тип на замор е забележан кај луѓе кои подолго време биле под физички или психички стрес или комбинација од двете, пишуваат порталите за животен стил.
Симптомите вклучуваат:
- продолжен или прекумерен замор – кој не исчезнува дури и кога ќе заспиеме
- тешко будење наутро, но и тешко заспивање навечер
- зависност од стимуланси како кофеин или шеќер
- ненадејна потреба за многу солена или многу слатка храна
- ненадејни промени во расположението
- блага раздразливост
- отпорност на стрес
Во основата на овие состојби лежи ефектот што стресот го има врз надбубрежните жлезди, кои го зголемуваат лачењето на кортизол и хормонот DHEA, додека адреналинот ги стимулира енергетските скокови кои се потребни само во случај да се загрози животот.
Бидејќи тоа не се случува на краток рок, туку станува хронично поради пандемијата, надбубрежните жлезди не успеваат да ја координираат својата работа.