Веројатно досега сте ја слушнале фразата: „Јаболко на ден го држи докторот подалеку од тебе“.

Изреката потекнува од 1913 година, но се заснова на слична поговорка од античко време, па се чини дека луѓето, уште пред да знаат за хранливата вредност на овошјето, верувале дека тоа има позитивно влијание врз здравјето.

Иако досегашните истражувања покажуваат дека консумирањето јаболка всушност не може да биде поврзано со фактот дека нема буквално да мора да посетувате лекар, воведувањето на јаболка во вашата диета може да помогне во подобрување на неколку аспекти на вашето здравје.

Јаболката е поврзана со голем број придобивки кои можат да помогнат во подобрувањето на долгорочното здравје.

Тие се полни со важни хранливи состојки, вклучувајќи влакна, витамини и минерали од кои особено важен витамин Ц делува како антиоксиданс за да ги неутрализира штетните соединенија познати како слободни радикали и штити од болести како што се.

Нутриционистички вредности на јаболката

  • Калории: 95
  • Јаглехидрати: 25 грама
  • Влакна: 4,5 грама
  • Витамин Ц: 9% од дневната вредност (ДВ)
  • Бакар: 5% ДВ
  • Калиум: 4% ДВ
  • Витамин К: 3% ДВ

Студиите ја поврзаа потрошувачката на јаболко со помал ризик од неколку хронични состојби, вклучително и срцеви заболувања.

Студија спроведена на над 20.000 луѓе откри дека конзумирањето поголеми количини на овошје во споредба со друга храна како што е белото месо е поврзано со помал ризик од мозочен удар.

Јаболката е исто така полна со растворливи влакна, кои можат да помогнат во намалување на крвниот притисок и нивото на холестерол, намалувајќи го ризикот од срцеви заболувања.

Јаболката содржи неколку соединенија кои можат да помогнат во спречување на тумори, вклучувајќи антиоксиданти и флавоноиди.

Една студија докажа дека консумирањето јаболка е поврзано со помал ризик од развој на рак на белите дробови, а друго со рак на дебелото црево.

Општо земено, диетата базирана на овошје и зеленчук помага да се спречи карциномот во сите делови на дигестивниот систем.

Покрај тоа, јаболката помага во слабеењето благодарение на ниската калорична вредност и влакната што го поддржуваат чувството на ситост.

Тие исто така помагаат при здравје на коските и го намалуваат ризикот од остеопороза. Јаболката му помагаат на мозокот да функционира нормално и го забавува процесот на стареење.