Стриите се јавуваат на местата каде што кожата најмногу се протега, а дали прво ќе ги добиете зависи од типот на кожа што ја имате.

Многу жени страдаат од стрии, поради што прибегнуваат кон третмани за ласерско отстранување. Меѓутоа, прашањето е дали таквите третмани се секогаш ефикасни?

За почеток, треба да го решиме прашањето за спречување на стрии. Иако не постои волшебно стапче, нивното формирање или количина може да се намали со употреба на креми и масла за подмачкување за време на бременоста, правилна исхрана и одржување на здрава тежина.

Затоа, експертите советуваат конзумирање на храна која содржи витамини Ц и Е, како и силициум и цинк.

  • Стриите тешко може да се решат засекогаш

Иако ова е точно, постојат третмани кои можат да ја намалат нивната видливост. Покрај лосиони, масла и креми, за отстранување на стрии се користат хемиски пилинг, ласери, ултразвук, радиофреквенција или микродермоабразија.

Секако, пред се се препорачува да се консултирате со дерматолог кога станува збор за отстранување на стриите.