Сигурно сте ја слушнале изреката: „Кој пее не мисли зло“, но имајќи предвид колку е добра оваа активност за здравјето, можеме да го кажеме и следното: „Кој пее ќе биде поздрав“.
Додека пееме, работата на десниот темпорален лобус е нагласена во мозокот и се ослободуваат ендорфини – вид на ензим кој делува на човечкото тело како опијати.
Благодарение на пеењето, ние сме посреќни, покреативни, попаметни, посамоуверени, но и поздрави.
Затоа секој треба да пее, без разлика дали има слух или не.
Ако сепак не сакате да се експонирате пред другите бидејќи немате самодоверба и мислите дека немате слух, тогаш направете го тоа под туш.
– Една од одличните работи на пеењето е тоа што ве поврзува со десната страна на мозокот, а е одговорна за интуиција, имагинација и други креативни функции. Во денешно време толку многу од нас сме бомбардирани со разни информации кои ги обработуваме и анализираме, па најчесто сме заглавени во левата страна на мозокот – објаснува пејачката Тања де Јонг, која ја основа компанијата „Креативна Австралија“, која ги мотивира луѓето да пеат заедно.
Таа додава и дека општеството го нарушило односот кон пеењето, па се смета дека тоа е резервирано само за талентирани луѓе.
Тоа дополнително доведе до тоа луѓето да се срамат од сопствениот глас и да не сакаат да пеат за да не се засрамат, а тоа е погрешно, пренесува порталот „upliftconnect.com“.