Од прилагодливи стоечки маси во канцелариите до бироа со вграден простор за спиење, мислевме дека сме виделе се. Барем додека не наидовме на оваа работна маса наменета за вработени кои имаат мали деца.
Покрај вообичаеното дрвено биро на кое можат да работат, овој дизајн вклучува и дополнителен простор на, наменет и прилагоден за мало дете.
„Конечно, биро за вработените родители“, напиша директорот на компанијата PinCap, со објава на слика од вакво биро. Тој воопшто не очекувал дека неговата објава ќе предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.
- Поделени мислења и реакции
Од илјадниците коментари на родители под неговата објава на LinkedIn, позитивните коментари кои ја поддржуваат иницијативата се навистина ретки.
Дали мислите дека е здраво да го држите детето во простор од еден метар во работно време од 10 часа?, стои во еден од коментарите.
Друга причина за поделените реакции е сликата од жена која работи на бирото а до неа се наоѓа дете (веројатно нејзино) во затворен простор за игра.
Во голем дел од коментарите под објавата се дискутираше за поголемиот притисок врз жените кои се мајки.
Покрај тоа што ќе ја работи својата работа, во овој случај од мајката би се очекувало истовремено и да се грижи за своето дете.
Освен здравјето на детето и дополнителниот притисок врз жените, прашање беше и дали концептот од ваков тип е навистина реален.
Бидејќи детето бара многу внимание и не може долго да седи мирно додека родителот работи, сосема очекувано е дека по некое време тоа ќе почне да им пречи на другите вработени.
Покрај тоа, и на родителите на тоа дете им треба мир и тишина за работа.
Да заклучиме, ваквиот систем би ја отежнал концентрацијата на работното место и за родителите и за вработените.
Ова биро всушност се користи во една библиотека во државата Вирџинија.
Бирото не е наменето за родителите да се грижат за своите деца во текот на целото работно време, како што сугерира објавата на LinkedIn.
Бирото е наменето за пократка употреба за да им олесни на родителите кои доаѓаат во библиотеката.
Бирото е краткорочна алтернатива за родителите кои инаку би морале да го балансираат детето во своите раце додека бараат информации на компјутер.