Доколку Унгарија одлучи да ги плаќа руските енергенти во рубљи, тоа ќе се смета за кршење на европските санкции – изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен за Си-Ен-Ен.
Направивме анализа на декретот на Путин и правната ситуација е многу јасна. Она што Путин го сугерира, конвертирање на еврото во рубљи, со што потоа би се плаќал гасот, би значело кршење на санкциите. Ако го направите тоа, мислам на плаќањето во рубљи, вие ги прекршувате санкциите што и ги воведовме на Русија – истакна Фон дер Лајен во интервју за Си-Ен-Ен.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан неодамна изјави дека Унгарија е подготвена да го плати рускиот гас во рубљи, откако рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој се бара од „непријателските“ земји да го плаќаат рускиот гас во рубљи.
Таа нагласи дека „ЕУ е во преговори со Будимпешта“.
Досега Унгарија се придржува кон санкциите и додека не видиме поинаков начин на дејствување, се е во ред. Никогаш досега не сме ја виделе ЕУ вака обединета. Мислам дека секоја земја-членка се прашува дали сака да биде првата што ќе го наруши таквото единство. Мислам дека не го сакаат тоа – додаде Фон дер Лајен.