Денеска на ГП Табановце може да се забележи колона од 2.5 км на излезот на македонската граница.

Патниците кои со своите возила или со автобуси се упатиле кон излезот од границата, се заглавени во возилата и по неколку часа.

На терен се забележуваат свирежи и револт на патниците поради времетраење на нивното чекање пред излезот на границите.

Македонски државјанин Д.А (34) од Скопје кој патува во Србија ни објасни дека е заглавен повеќе од 1 час на излезот од границата и дека нема можност ниту да се врати назад и да го одложи патувањето бидејќи од сите страни е опкружен со патнички возила.