Плановите за трета, есенска доза на вакцина против ковид-19 ќе бидат познати во следните неколку недели, изјави денеска министерот за здравство на Велика Британија, Мет Хенкок.
Министерот за здравство изјави дека владата ги чека резултатите од комбинирањето на вакцини, објави „Би-би-си“.
Експертите велат дека треба да се одговори на голем број прашања, вклучително и колку трае имунитетот од вакцините за коронавирус.
Останува и прашањето дали децата треба да се вакцинираат.
– Во моментов се обидуваме да утврдиме која комбинација на вакцини е најефективна – рече Хенкок.
Засега британската вакцина „АстраЗенека“ беше оспорувана за ефикасноста, но се појавија и тврдења дека создава ретки згрутчувања на крвта кај млади жени.
Во Македонија британската вакцина се даваше само на повозрасни лица, но во некои европски држави таа беше целосно забранета.
Британските експерти веруваат дека три дози од вакцинирање со „АстраЗенека“ ќе дадат уште подобар резултат од вакцинирање само со две дози.