Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,95% во однос на одлуката од 15.03.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 5,00 денари/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 6,00 денари/литар.

ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 81,50 денари, БС-98 за 83,50 денари, а ЕУРОДИЗЕЛ-от ќе се продава за 79 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 5,50 денари/литар и ќе се продава за 75,50 денари.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 2,550 денар/килограм и сега ќе изнесува 56,749 ден/кг.