Минатата година 72% од барањата за цензурирање книги биле иницирани од организирани групи и функционери а само 16% од обидите за забрана на книги се направени од родители.
Голем дел од обидите за забрана на книгите во САД минатата година потекнуваат од организирани групи, а не од родители. Дури 72% од барањата за цензурирање книги биле иницирани од групи за притисок, владини ентитети и избрани функционери, членови на одбори и администратори, објави Американската библиотечна асоцијација (АЛА). Само 16% од обидите за забрана биле направени од родители, додека 5% беа изнесени од индивидуални корисници на библиотеката.
Овие барања да се отстранат и ограничат книгите и другите библиотечни материјали не се резултат на какво било грасрут или народно расположение“, се вели во извештајот на АЛА за 2025 година, објавен во понеделникот.
Поголемиот дел од обидите за цензура на книги сега потекнуваат од добро финансирани, организирани групи и движења кои долго време се посветени на ограничување на пристапот до информации и идеи.
Многу од организациите што го предводат движењето за цензура на книги се таканаречени групи за „родителски права“. Оваа група има силни врски со Републиканската партија и е означена како „екстремистичка“.
Најчестите причини за поднесување барање за отстранување на книги се тврдењата за непристојност (ласцивност), вклучувањето на ЛГБТ теми или ликови и дискусијата за раса, расизам и социјална правда.