Врвниот американски експерт за вируси, д-р Ентони Фаучи, ја критикуваше Белата куќа бидејќи беше домаќин на собир минатиот месец, кој е поврзан со појава на „Ковид-19“ во Белата куќа.
Најмалку 11 лица кои присуствуваа на настанот на 26 септември беа позитивни на КОВИД19, по што вирусот почнал да се шири масовно низ Белата куќа.
Доналд Трамп и самиот се опоравува од Ковид-19, откако минатата недела доби позитивен тест на КОВИД19.
Неговите лекари штотуку му дозволија да одржува јавни настани, помалку од еден месец пред да се соочи со демократскиот кандидат eо Бајден на претседателските избори.
Трамп изрази скептицизам во врска со мерките како што се маски и карантин за борба против ширењето на Ковид-19.
Тој зборуваше за напорите што ги вложува владата за вакцината да стане достапна, иако истражувачите велат дека тоа најверојатно нема да се случи порано од следната година.
Анкетата сугерира дека Бајден има едноцифрено водство пред Трамп и анкетата на ABC News / Ipsos покажа дека само 35% од Американците подржуваат начинот на кој Трамп се справил со здравствената криза.
Извор: BBC