Истражувањето од Универзитетот во Мериленд ги поддржува тврдењата дека она што го јадеме има силно влијание врз нашите мисли, а една од препораките тврди дека храната богата со омега-3 киселини го поддржува нашето ментално здравје.

Но, што друго можеме да конзумираме за да го подобриме менталното здравје?

Како што тврдат научниците, кефир и краставици!

Резултатите покажале дека луѓето кои консумираат ферментирана храна покажале многу помалку симптоми на социјална анксиозност.

Во случај да се прашувате како една чаша јогурт може да влијае на нервите – пробиотиците ја менуваат околината на цревата на добар начин, а овие промени, заедно со микроорганизмите во стомакот, можат да ги смират невротичните или вознемирените мисли.