Отткако во јавноста се појави информација дека наскоро лекарите нема да прегледуваат невакцинирани пациенти, на социјалните мрежи се појави апел невакцинираните да не плаќаат здравствено осигурување.
Се претпоставува дека засилувањето на мерките за стимулирање на растот на бројот на вакцинирани ќе продолжи во нагорна линија.
Што значи дека, хипотетичкото сценарио дека нема лекарите од Државните болници да прегледуваат невакцинирани пациенти со ковид е можно.
Но дури и сега се апелира невакцинираните пациенти да престанат да плаќаат здравствено осигурување, бидејќи мерките се дискриминирачки кон невакцинираното население и го погодуваат и во економска смисла.
На пример голем број од невакцинираните нема да може да работат во угостителски објекти, молови, здравствени установи и сл.