Облачно со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и поројни, проследени со ретки грмежи.
Ќе дува умерен, а во повисоките места повремено засилен ветер, претежно од југозападен правец.
Најниската дневна температура во Скопје ќе изнесува 3, а максималната дневна ќе достигне 7 степени.
Дождливо време ќе се задржи во текот на целиот ден, на територија на цела Македонија.