Преживувањето на туристичките агенции во Србија сè уште виси на конец.
Сите погледи се насочени кон разговори со осигурителни компании, без чии полиси, скоро 98 проценти од туристичките агенции, организатори на патувања, би можеле да останат без оваа работа, бидејќи нема да можат да добијат банкарска гаранција, со цел да им ја продолжат лиценцата за работа.
Туристичките агенции во Србија се најдоа во небрано грозје, бидејќи осигурителните компании одлучија дека повеќе не сакаат да прават деловни активности со нив, поради преголем ризик, па останаа без лиценци за работа.
Во моментот се бара решение за бројни претпријатија кои останале без лиценца за работа и кои ја продлабочуваат економската криза и зголемуваат стапката на невработеност во Србија.
Извор: Novosti.rs