дома животен стил 5 особини на успешни луѓе

5 особини на успешни луѓе

1147
0

Што е успешен човек е широк поим. Но најопшто успешен човек е оној кој постигнува резултати од некоја работа.

Успешноста се поврзува со општествени критериуми и психолошки критериуми, за некој да е успешен тој треба да биде признаен од општеството како успешен и да има внатрешна сатисфакција како производ на својата работа.

Признанието секогаш го дава општеството, некоја институционална инстанца, авторитет и сл. Така на пример кога детето ќе го реши успешно тестот на училиште тоа добива одлична оценка од наставникот што е вид на признание.

Психолошката сатисфакција, пак, е составена од повеќе фактори. Задоволството произлегува од личната оценка за работата, како го вреднуваме резултатот, што тој ќе ни донесе понатаму и дали резултатот за нас значи некоја субјективна победа.

Психолошките и општествените фактори може често да се разликуваат меѓусебе. На пример признание за успех е да се добие 5ка како највисока оценка од страна на наставникот кој го оценува тестот. Но некое дете може да го смета како успех и добивањето на 3ка како оценка бидејќи ги надминало суштинските потешкотии кои претходно му давале и полоши резултати, па 3ката ја смета како личен напредок и победа.

Спека постојат некои карактеристики кои најчесто реферираат на успешни луѓе и околу кои повеќе од луѓето покажуваат согласност дека тоа се особини на успешен човек. Еве кои:

2 Mental Habits of the Most Successful People | Inc.com

Успешните луѓе се окупирани со постигнување на резултати

Ако сакате да постигнете резултати во некоја работа тоа значи само и единствено – РАБОТА, РАБОТА и само РАБОТА.

Успехот не паѓа од небо и за да се изборите за резултати во која било работа треба постојано да работите, да се трудите и успехот да го имате во фокусот на својот живот.

После напорна работа, резултатите ви доаѓаат како награда која ви го исполнува срцето со задоволство.

Успешните луѓе не се споредуваат со други

Успешниот човек може да гледа мотивација во други луѓе кои веќе го трасирале патот кон успехот, но тој никогаш не се натпреварува со нив и не завидува.

Мотивацијата му служи да му покаже дека успехот е можен, а начинот на кој ќе го постигне зависи од неговата способност и креативност за изнаоѓање на начини.

Имаат планови

Ретко кој успех дошол спонтано. Успешните луѓе се добри планери и тие постојано пред себе поставуваат цели кои постепено ги надминуваат.

Чекор по чекор до крајната цел – трофејот!

Успешните луѓе се фер играчи

Успешните луѓе не газат по лешеви да стигнат до својата цел. Тие секогаш спортски ги поднесуваат сите порази и имаат огромна почит кон противниците.

Тие знаат дека победата не е победа ако не си најдобар и дека признанието е само формалност која бргу ќе се заборави наспроти возвишеното чувство на победник.

Им помагаат на другите

Оние кои навистина знаат што значи работа, труд и борба не се себични. Напротив преку борбата тие стануваат подобри луѓе, а не посурови.

Од таа причина успешните луѓе секогаш се расположени да им помогнат на другите, наместо да ја наметнуваат својата суета и да покажуваат колку се „големи“ во секоја прилика.

-Успешните луѓе се и добри луѓе и вистинско богатство е да ги имате во својата близина.

претходниот член,Протест на родителите по најавите за задолжително носење на маски во училиштата
Следната статијаДоколку задолжението за носење на заштитни маски не даде резултат ќе се воведе карантин

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде