Дали и вас ви се малку 24 часа во денот!?

1. Станувајте еден час порано.

2. Во недела попладне секогаш правете го планот за претстојната недела.

3. Користите НЕ (моќта на ограничувањето). Игнорирајте. Фокусирајте се само на оние работи кои ви се цел.

4. Набавете си лице одговорно за хигиената. Престанете да си го трошите драгоценото време за оваа работа (вашето време вреди многу повеќе).

5. Исклучете ја опцијата добивање е-маил на вашиот мобилен телефон.

6. Користете едноставна “листа со приоритети” и на неа ставајте само по три задачи кои мора да бидат завршени секој ден.

7. Планирајте го времето почнувајќи со извршувањето на најголемата, најтешката задача, не почнувајте од најлесната т.е. најмалата.

8. Исклучете ја можноста за било какви средби. Ако веќе морате да одите, имајте само една специфична работа/задача во вашата глава.

9. Секогаш да знаете кој ви е наредниот чекор уште при самиот крај на секоја конверзација.

10. Користете Leechblock (Firefox Extension) или пак Nanny (Google Chrome) за да го одблокирате влезот доколку имате проблеми при влез во одредени социјални медиуми и други слични сајтови.

11. Наместете си аларм-потсетник на секои 30 минути за поголема концентрација и притоа земете си одмор од 1 минута за да се рефокусирате.

12. Земете соодветна пауза после 2 часа работа, нека биде тоа 10-20 минути и се препорачува да се “оладите” со некоја музика, играње, 10-на склекови или да излезете на чист воздух.

13. Прашувајте се себе си “Дали она што го правам сега ме носи поблиску до остварување на тоа што сакам да го постигнам?”

14. Секогаш да знаете што сакате да постигнете – како треба да изгледа крајот?

15. Пуштете си мотивирачка, оптимистичка музика додека работите, сè со цел да ја оддржите вашата енергија на високо ниво.

16. Имајте си книга во која ќе ги бележите вашите идеи и отворете ја после една недела.

17. Чувајте го листот или извадокот од тоа што сте постигнале – без разлика дали е во тетратка, се препорачува тоа да биде и онлајн весник.

18. Работете го тоа што е потребно, меѓутоа и тоа што не е.

19. Престанете да одолговлекувате и сторете го веќе тоа!

20. “Фрлете” го вашиот ТВ приемник – буквално закопајте го во вашата градина.

21. Исклучете го Интернетот. Ако пишувате или креирате нешто, одете во најблиската кафетерија каде што нема Интернет пристап.

22. Нарачувајте услуги – побарајте помош за користење на oDesk и Elance и набавете некој кој ќе ви го уреди вашиот блог за 2 дена – не вие да трошите 3 недели за тоа.

23. Немојте да велите треба, кажувајте “Јас ќе”. Запомнете: Не постои обид, или го правите тоа или не.

24. Не одговарајте на мобилниот телефон. Буквално. Доколку е итно, тие ќе ви напишат порака.