Постапувањето во врска со сомневањето за избор на ректор на УКИМ ќе продолжи како редовна постапка стои во соопштението на ДКСК.
На денешната седница Комисијата утврди дека поради состојбата со коронавирусот, нема основни услови за доставување на уредбата до ректоратот и до ректорот, што е еден од основните услови за понатамошно постапување според законските прописи.
Изборите за ректор на УКИМ предизвикаа голема бура во јавноста бидејќи беа скандализирани од проректорите и голем број на професори кои сметаа дека епидемијата не е доба за реализирање на изборите.
Уште поголеми реакции имаше во однос на реизбирањето и новиот ректорски мандат што го доби Никола Јанкуловски со однос на тоа дека се изнесоа многу забелешки во јавноста за неговата работа и фактот што УКИМ на Шангајска листа на универзитети падна многу места подолу од претходните години.
Извор: 24 вести