Гордана Јанкуловска е незаконски спроведена во затвор – тврди нејзината адвокатка Сања Алексиќ која смета дека на екс министерката за внатрешни, и е ускратено законското право на одлагање на изречената казна.
Полицајците и дошле на врата на неколку минути откако и пристигнала одлуката од Врховен суд и веднаш ја спровеле во затворска ќелија.
Адвокатката Алексиќ не откри дали поранешната министерка би барала одложување за издржување на затворската казна.
Вели дека на Јанкуловска не и пристигнал друг упатен акт од судот, освен тој од пред две години кога и беше одобрено на одреден период да не оди во затвор поради нејзиното мало бебе.
Извор: Канал 5