Велат дека убавината на луѓето е релативна или дека за „вкусови не се дискутира“. Но сепак постојат одредени објективни параметри според кои може да се каже дека човек е убав или помалку убав.
Тие параметри се однесуваат особено на симетрија и пропорција на цртите на лицето, ускладеноста на екстремитетите со трупот и слично.
Убавината на луѓето има и културна детерминанта. Во одредени култури за „убави“ луѓе се сметаат тие што се погабаритни од другите. На пример во Африка, жените вршат најголем дел од секојдневната работа, за разлика од западните држави во кои е присутен идеалот на „индистриска жена“.
Поради општествената организација во Африка за убава жена се смета онаа која е корисна за општеството, таа треба да биде габаритна и да има сила во телото со која ќе може да ги заврши сите дневни обврски.
Во Европа или Америка, пак, за убава жена се смета – ситна, нежна жена, со нагласен сексипил или облини. Тоа е затоа што жените од Западот немаат многу потреба да се движат, нивните дневни обврски се на фиксно работно место или во домови до кај 100 квадрати.
Поради природата на дневниот ангажман усогласен со општествената организација, жените од нашите простори немаат можност да развијат габарит колку африканските жени.
Но, колку и убавината на луѓето да е коментирана тема, сепак таа често се меша со поимот „шарм“. Под шарм се подразбира посебна енергија, привлечност, пријатност и начин на комуникација.
Еве неколку разлики помеѓу убави и шармантни луѓе:
- Шармантните луѓе се активни во освојување на свој простор
Убавите луѓе не се секогаш наметливи и нив може да ги забележите или не. Ако случајно видите убав човек, погледот ќе ви се задржи на убавината, бидејќи убавината предизвикува уживање и природно го задржува погледот.
Но шармантните луѓе не е можно да не ги забележите. Тие просто го освојуваат просторот и сите погледи околу себе со својата енергија.
Тие буквално имаат паралелна комуникација со сите луѓе во просторот и покрај тоа што не ги гледаат, не им се обраќаат или не стапуваат со нив во директен контакт.
- Шармантните луѓе се интелигентни
Шармантните луѓе освојуваат со хумор и со чести досетки. Во нивно друштво скоро никогаш нема да се чувствувате досадно.
Тие знаат како да ви направат да се чувствувате пријатно и да го извадат најдоброто од вас.
Имаат продорност и способност да проценат што ви е потребно и како треба да се постават во однос на вашите потреби.
Шармантните луѓе имаат аналитичка и емоционална интелигенција и тие може да ги проценат вашите моментални емоции врз база на вашата експресија.
Луѓето со шарм имаат огромна емпатија кон другите и точно знаат како е да се биде во „чевлите на другиот“ но и како да се надмине ситуацијата доколку таа е помалку пријатна за тој што ја доживува.
- Луѓето со шарм секогаш се во центарот на вниманието
Тие не се наметливи, просто знаат како да завладеат со ситуацијата и да ги освојат симпатиите на сите присутни.
Обично комичарите или луѓе кои се занимаваат со јавна сцена имаат шарм и голем потенцијал да ги освојат симпатиите и да го задржат вниманието.
Убавите луѓе за разлика од шармантните доколку немаат енергија, ќе успјат да го задржат вашето внимание на многу кратко време.
- Шармантните луѓе полесно стигнуваат до целта и се поуспешни на професионално поле
Шармантните луѓе полесно комуницираат со другите и бргу ви се „пикаат под кожа“. На тој начин тие полесно ги остваруваат своите цели од убавите луѓе без комуникациска способност и вештина.
Луѓето со шарм секогаш ќе ви дадат посебно место во нивниот свет и ќе ве направат да се чувствувате возвишено во нивно присуство што секому, секако му годи.
Никој не сака да биде во друштво каде е омаловажуван, преиспитуван или исмеван. Секој оди онаму каде што е пријатно, е почитуван и слободен.
- Самодовербата е најсилниот адут на шармантниот
Самодовербата извира од шармантните луѓе. Тие имаат потполна контрола и сигурност на секое нивно движење.
Кога ќе видите шармантен човек вие просто му се препуштате бидејќи целосно му верувате во она што го кажува и она што го прави.
Секој сака да види убав човек, но да задржи поблиску до себе шармантен човек. Шармантниот може да не е „објективно убав“, но тој секогаш ви станува претерано драг.
Повеќе шармантни луѓе во ваша близина се вистинско богатство, со нив бесконечно многу ќе се смеете, ќе се чувствувате почитувани и ќе сакате да ја впивате нивната унапредувачка енергија.