Кршливи нокти, замор, губење на апетит и раздразливост се некои од знаците на кои треба да обрнете внимание. Анемијата може да се третира, но и да се спречи на неколку начини.
Од суштинско значење е да се зголеми внесувањето на железо во храната, пред да се прибегне кон додатоци во исхраната.
Покрај живината и мешунките, треба да јадете доволни количини овошје богато со витамин Ц затоа што помага во апсорпција на железо во организмот.
Пиперките, портокалите, спанаќот, киви содржат најмногу витамин Ц, но најдобриот природен лек за анемија, посочуваат нутриционистите, е калинка. Покрај тоа што е богатa со витамин Ц, тaa е богат и со железо и минерали.
Друга храна што е на врвот на листата борци против анемија е цвеклото. Го чисти телото, носи кислород и го зголемува внесот на железо. Содржи супстанции кои учествуваат во производството на витамин Б12, кој е еден од главните „актери“ во формирањето на црвени крвни зрнца, еритроцити, во крвта.
Извор: alo.rs