Врвниот американски експерт за вируси предупреди да не се искористи вакцина „Ковид-19“ пред да се докаже дека е безбедна и ефикасна.
Говорејќи за новинската агенција Ројтерс, д-р Ентони Фаучи исто така рече дека тоа може да наштети на развојот на други вакцини.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, наводно, размислува за плановите за ваква вакцина пред да биде целосно тестирана.
Ваквиот потег може да ги зголеми неговите шанси за реизбор на претседателските избори во ноември.
Демократите го обвинуваат американскиот претседател дека е подготвен да ги загрози животите на Американците за политичка корист.
Извор: BBC