Благ пад на утринска и попладневна температура ќе се забележи денеска.
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме.
Ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.
Минимална дневна температура во Скопје ќе изнесува 15, а максимална дневна температура ќе достигне 25 степени.
Извор: УХМР