Во четврток тетовчани најавија протест по повод одлуката за покачување на цената на електричната енергија.
Според нив, регулаторното тело треба да се укине бидејќи не ги застапува и штити интересите на граѓаните, туку бизнис интересите на компаниите.
Регулаторната комисија донесе одлука покачувањето да биде за 7,4% што би значело во просек 100 денари повеќе на сметката за струја.
По соопштување на одлуката, имаше реакции од страна на граѓаните кои дури и потпишуваа онлајн петиција за укинување на покачувањето и снижување на ДДВ на 5%.
Засега тетовчани се единствените граѓани кои најавија протести почнувајќи од четврток неделава.