Нерезиденти, односно лица кои не живеат во Црна Гора, во тамошните банки имаат 447 милиони евра или 13,5 проценти од сите депозити во нивниот банкарски систем, според Централната банка на Црна Гора, што ја пренесува Побједа.
“Најголемиот индивидуален депозит нерезидент во една банка во Црна Гора изнесува 9,4 милиони евра. Депозитите на 30 нерезиденти со повеќе од еден милион евра во деловните банки изнесуваат вкупно 58,6 милиони евра”, пренесува порталот Банкар.ме.
Вкупните депозити на граѓаните и стопанството во црногорските финансиски институции изнесуваат 3,3 милијарди евра, а податоците покажуваат дека парите депонирани од странци во Црна Гора се намалуваат.
„На истиот датум минатата година, учеството на депозитите на нерезиденти во вкупните депозити беше 14,6 проценти“, посочува Централната банка.
Извор : NE rs;