Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека одлуката за зголемување на цената на струјата е избрзана и зголемување ќе падне на товар на граѓаните.
– Сојузот на синдикатите на Македонија не е организација која ги регулира цените на одредени услуги или производи, но смета дека со одлуката на Регулаторната комисија за покачување на електричната енергија за 7,4 проценти, здравствена криза може многу лесно да се претвори и во економска криза.
Доколку избрзаното покачување на цената на електричната енергија не биде повлечено, потребно е зголемување на сите плати и пензиите, во висина на зголемените трошоци за живот или скалесто за најмалку 7,4 прценти и тоа само за да се подмири просечната потрошувачка на електрична енергија која едно домаќинство би го чинело дополнителен издаток од платата, пензијата или другите примања, велат од ССМ.
Реакции за одлуката на Регулаторна комисија за поскапување на струјата за 7,2% имаше и од други организации, а граѓани од неколку општини излегуваа директно на протести или потпишуваа онлајн петиции во знак на бунт против одлуката.
Извор: 24 Вести