Потегот на претседателот Стево Пендаровски со посетата на семејството на малата Ембла Адеми, како и одењето со неа во основното училиште „Единство” во Гостивар, беше одбележан и со сторија што ја објави Си-eн-eн.
Сторијата со наслов: „11-годишно девојче со Даунов синдром било малтретирано, поради што претседателот на нејзината земја ја одведе на училиште“ беше објавена денеска.
Претседателот на Северна Македонија одеше со 11-годишно девојче со Даунов синдром на училиште откако слушна дека го малтретираат. Претседателот Стево Пендаровски ја држеше за рака Ембла Адеми додека ја одеше до нејзиното основно училиште во градот Гостивар во понеделникот. Ембла доживеа малтретирање на училиште како резултат на Даунов синдром – генетска состојба која предизвикува пречки во учењето, здраvствени проблеми и карактеристични карактеристики на лицето – изјави портпаролот на кабинетот на претседателот за Си-eн-eн.
Во текстот се вели дека Пендаровски разговарал со родителите на Ембла за предизвиците со кои таа и нејзиното семејство се соочуваат на дневна основа, фокусирајќи се на можностите за нивно надминување.