Веќе живееме во свет кој е поттикнат од нуклеарна фузија, каде реакторот е оддалечен 150 милиони километри и нема разработено начин директно да се дојде до него. Што значи дека ние ја согоруваме нејзината фосилизирана енергија – јаглен, нафта и гас, која полека ја врие планетата жива, како жаба во тава со вода.


Истражувањето е започнато пред повеќе од 60 години, водечкиот дизајн на реакторот за фузија, токамак, е стар половина век, при што истражувачите на фузија се согласиле пред 10 години да изградат огромна станица во Франција, наречена ИТЕР, ако се се одвива по планот, во 2035 година ИТЕР ќе произведе 500 мегавати енергија за неколку стотици секунди, кој по автоматизам ќе произведува повеќе енергија за работа отколу што е потребно.


Дури и тогаш ќе останат две големи пречки, вели Мики Вејд, потпретседател на General Atomics и директор на американската програма за фузирање DIII-D. Една е развој на материјали кои може да издржат продолжено изложување на плазми, другата е оддржување на интензивните магнетни полиња, потребни за да се ограничи плазмата.


Фузијата во голема мерка ќе не ослободи од фосилните горива, испорачувајќи чиста и исклучително ефтина енергија во скоро неограничени количини.

Извор: NewScientist ;