Епидемиологог на светската здравствена организација Марија Ван Керх изјави дека луѓето кои немаат симптоми на новиот корона вирус ретко ја шират инфекцијата.
-Врз основа на податоците што ги имаме се претпоставува дека асиптоматските лице ретко го пренесуваат вирусот на друго лице, изјави таа.
Врз основа на извештаите што ги добива СЗО од државите и пратењето на сите кластери и контакт со заразените вклучително и асимптоматските случаи не е откриено дека пренесувањето продолжува на тој начин.
Согласно новите стратегии кои ги воведуваат тимовите од стручњаци и наионалните влади, предвидено е тестирање на што поголем број на случаи со цел да се открие генералната состојба на колективното здравје. На тој начин стручњаците и институциите ќе добијат целосен увид во соодносот на заразените и ќе ги контролираат контактите и ширењето на КОВИД19.
Извор: mia.mk