Коронавирусот се повеќе го шират лица на возраст од 20, 30 и 40 години, а многу од нив не се ни свесни дека се заразени, изјави регионалниот директор на Светската здравствена организација за Западен Пацифик, Такеси Касаи.
Касаи рече дека присуството на вирусот кај оваа популација, во отсуство на симптоми на болеста, го зголемува ризикот од зарази на припадниците на високоризичните групи, пренесуваат британските медиуми.
Во текот на вчерашниот ден во Македонија беше регистриран смртен случај на жена од велешко на возраст од 35 години без предходни коморбидитети.
Корона вирусот може да биде ризичен и за помладата популација иако на почетокот се веруваше дека тој е опасен само за постарите лице.
Извор: Сител