Слој на зголемени масни наслаги на стомакот може да биде многу опасен, предупредуваат лекарите!
Затоа, треба да го одржувате обемот на половината во рамнотежа за да не го ризикувате вашето здравје. Ако сте женски, а обемот на половината е поголема од 89 см, или ако сте машки, а обемот на половината е поголема од 101 см, голема е веројатноста дека имате значителна количина на масни наслаги околу стомакот. И тоа може да доведе до голем број компликации.
Зголемен ризик од дијабетес
Кога црниот дроб е покриен во масно ткиво како резултат на вишокот маснотии во стомакот, тој не успева доволно добро да го процесира шеќерот во крвта.
Како реакција, овој процес го заробува шеќерот во крвотокот, наместо црниот дроб да го обработува истиот. Процесот може да доведе до зголемено ниво на шеќер во крвта и да предизвика дијабетес.
Зголемен ризик од метаболистички синдром
Развивањето на метаболистички синдром е ризик со кој се соочувате кога имате широк струк и тврдокорни масни наслаги прилепени на него.
Ова, за жал, повлекува развој на срцеви заболувања и ризик од мозочен удар. „Пивскиот стомак“ е симптом на метаболистичкиот синдром – комбинација на здравствени проблеми кои можат да ги зголемат шансите за сериозни проблеми, што можат пак да го доведат организмот до предвремена смрт.
Зголемен ризик од рак
Новите истражувања покажуваат дека еден вид протеин ослободен од маснотии во стомакот може да ги претвори неканцерогените клетки во канцерогени, што резултира во раст на различни видови на тумори.
Поголем ризик од кардиоваскуларни заболувања
Докажано е дека висцералните масни клетки во абдоменот може да произведат протеини кои ги стеснуваат крвните садови, што може да резултира со висок крвен притисок. Исто така, овие протеини може да предизвикаат затнување на артериите, правејќи ги почувствителни на мозочен и срцев удар.
Еректилна дисфункција
Акумулацијата на маснотии во абдоменот може да има и последици врз сексуалниот живот. Бидејќи се јавува зголемување на крвниот притисок и недоволно полнење на „сунѓерестите“ тела на пенисот, како резултат на опструкциите во протокот на крв (поради стеснетите крвни садови со акумулација на маснотии во нив), сосема веројатно е да се соочите со еректилна дисфункција.
Извор: republika.rs