Транспортот на домашните животи низ Македонија се одвива по локални патишта често со несоодветни средства за превоз на животните.
Ова невообичаена глетка ја открива позицијата на луѓето кон животните и начинот на кој тие се третираат. Имено, најверојатно сопственикот на приколката затворил коњ во тесна приколка, оневозможувајќи го неговиот излез со решетки и друг тип на барикади додека коњот стои во приколката која се движи постојано и се обидува инстинктивно да одржи рамнотежа.
Домашните животни кои се одгледуваат за одреден добиток се одгледувани во многу некомпатибилни за нив услови, а често и се жртви на насилството на нивните сопственици.
Антропоцентричноста на луѓето оди до таму да тие на животните гледаат како на своја сопственост и дека со нивната сопственост можат да се однесуваат без да понесат одговорност за нивниот нехуман и често садистички пристап кон животните.
Постојано зборуваме за права и слободи како категорија, можеби е време да почнеме да зборуваме и за права на животни и вакви бизарни постапки на несвесни одгледувачи на животни строго да се санкционираат како би ги заштитиле животните од понатамошно насилство.
Извор: Мој збор