Првиот московски државен медицински универзитет „Сеченов“ објави на 12 јули дека е завршено тестирањето на вакцина за ковид-19 од руско производство.
Ова го соопшти Вадим Тарасов, директор на Институтот за транслациона медицина и биотехнологии на првиот медицински универзитет. Клиничкото тестирање на безбедноста на вакцината е вршено на првиот медицински универзитет.
Целта на клиничкото тестирање беше да се провери безбедноста, а не ефикасноста на новиот препарат.
Научниците планираат до 28 јули да ја завршат следната фаза клинички тестирања, насочени кон проверка на ефикасноста на новата вакцина.
Британските медиуми објавија дека научниците се во крајните фази од тестирање на вакцина против КОВИД19 која засега дава одлични ефекти.
Борбата за медицинско откритие ја репрезентира борбата за хегемонија, бидејќи ова е начин на кој државите и властите ќе ја потврдат својата способност, стручност и можност за влијание низ светот. Од тој аспект е многу важно од каде ќе стигне првата вакцина против КОВИД19.
Извор: Канал 5