Испровоцирани од албанските поп ѕвезди, Дуа Липа и Рита Ора, кои на социјалните мрежи објави фотографии за Голема Албанија и пораки за Косово се огласија и македонските „Анонимуси“.
Хакерската група објави на Твитер дека ѝ го урнала официјалниот сајт на Дуа Липа во знак на револт и дека нема да биде функционален 1 час.
Имено поп ѕвездата Дуа Липа пред неколку дена објави знаме од „Голема Албанија“ која опфаќа и делови од Македонија, особено Западна Македонија.
Македонските „Анонимуси“ се во центар на вниманието, откако беа обвинети дека ја хакирале страницата на ДИК, неколку министерства, а сега ја преземаа одговорноста и за хакирање на страната на Дуа Липа и Рита Ора.