дома животен стил Рецепт за домашни „кубети“

Рецепт за домашни „кубети“

1981
0

Кубети, Бејк Ролс, Брускети Марети и слични други брендови кои ги препознаваме и купуваме во маркетите може да најдат совршен домашен супститут.

Приготвувањето на домашни кубети нема да ве чини многу ниту време, ниту пари, а ќе ви даде оригинален и подобар вкус на оние кои ги купувате низ продавниците.

Исто така готвењето е процес во кој ја вложувате својата креативност во мешање на намирниците, вадење на најдоброто од нив, правилно дозирање и добивање на вкусот кој сте го посакувале.

Добриот готвач во суштина е многу креативен ум.

Во продолжение ви откриваме како да приготвите домашни кубети:

Тврд леб

Леб од пред неколку дена е основен материјал во приготвување на кубети. Лебот исечете го на кришки, кои подоцна ќе го исечете на коцки.

Маслиново масло

Тврдиот леб прво попрскајте го малку со вода и со зачини (вегета, бибер, кари – по желба), а потоа врз коцките леб напрскајте неколку капки маслиново масло.

Печење

Коцките леб со зачини и масло ставете ги во рерна на температура од 200 степени и печете ги додека не добијат црвена боја и не станат крцкави.

Сервирање

Кубетите можете да ги сервирате со рендано сирење или доматно пире.