Неколку здруженија од Србија деновиве се обединија под повик кон родителите да не дозволат да се уведат мерки за носење на маски за заштита во училиштата.
Ова реакција следува откако СЗО и ООН објавија дека заштитни маски ќе станат задолжителни за деца над 12 години.
Тоа значи дека сите деца над 12 години и за време на својот престој во училиштата ќе имаат обврска да носат маски.
Здруженијата сметаат дека задолжителното носење на маски може да предизвика негативни психолошки, социјални и здравствени последици.
Според нивните наводи маската го спречува нормалниот проток на кислорот што е услов за нормален раст и развој кај децата.
Покрај тоа им создава перцепција за другиот како странец и непријател од кој треба да се штитат со што се зголемува опасност од создавање на профили на социопати.
Извор: Нова Македонија