Масовни протести во пресрет на смртта на Џорџ Флојд се раширија низ целиот свет, а на некои места демонстрантите се сузбиваат со солзавец, гумени куршуми, пиштоли за зашемутување и други тактики наменети за контрола на толпите.

Познати како неопасно или помалку смртоносно оружје, многу од овие тактики првично биле наметнати за предизвикување на бегство на припадниците од толпата кога ќе видат што всушност му се случува на оној кој е погоден со гумен куршум или солзавец. Институциите за спроведување на законот подоцна го усвоиле ова оружје од армијата како алтернатива за употреба на огнено оружје.

Сепак, експертите за оружје бараат да се изврши рекласификација, бидејќи истражувањето открива штетни последици по телото на оние над кои тоа оружје се применува. Кога се злоупотребени, овие оружја кршат коски, ја палат кожата и предизвикуваат внатрешни повреди што можат да бидат фатални. Еве еден преглед кога и зошто се случуваат сериозни повреди со навидум безбедно оружје и што можат луѓето да сторат за да се заштитат:


Солзавецот е уникатно дизајниран за да ги направи своите жртви немоќни. Кога канистер со солзавец пука и детонира, тој ослободува облак што го зафаќа секој во близина. Хемикалиите што се наоѓаат во гасот ги разбрануваат очите, кожата, па дури и дишните патишта и ги предизвикуваат пулсирачките болки низ целото тело.

Жртвите кашлаат, киваат и формираат толку многу слуз што може да се чувствуваат како да се гушат. На крајот, тие се принудени да бегаат. Овој одговор е токму причината зошто полициските службеници ширум светот користат солзавец како метод за контрола на немири, вели Свен Ерик Џорт, вонреден професор по анестезиологија, фармакологија и биологија на рак на Универзитетот Дјук.

Активниот агенс во солзавец е органско соединение наречено CS, именувано според двајцата американски хемичари – Бен Корсон и Роџер Стоутон – кои го идентификувале во 1928 година. Џорт бил член на истражувачкиот тим кој открил дека CS се врзува за рецептор за болка кај нас односно нерви по име TRPA1. Овој сензор за болка се наоѓа насекаде низ телото – очи, кожа, бели дробови, уста.

Овие хемиски надразнувачи не се опасни доколку се употребуваат на отворено или во умерени дози. Но, во големи дози – или во затворен простор – хемикалиите можат да убијат ткиво на дишните патишта и дигестивниот систем, да ги наполнат белите дробови со вишок течност и да предизвикаат внатрешно крварење.

Џорт вели дека ова е причината зошто е важно веднаш да се поминеме со вода за да се деконтаминираме и да се ослободиме што побрзо од загадената облека. Тој не препорачува да се користи млеко, како што тоа го прават некои демонстранти, бидејќи тоа не е стерилно и може да доведе до инфекции и понатамошна иритација. Кога телото ќе почувствува толку штетно присуство, неговиот одбрамбен се залагаат за акција.

Целата студија на nationalgeographic.com може да ја прочитате тука