Министерството за правда во наредниот период ќе испрати нови барања за екстрадиција на сторители на кривични дела, за кои има нови околности или обвиненија.
Барање за екстрадиција ќе биде испратено и до Унгарија за поранешниот премиер Никола Груевски кој е таму како азилант, информираше денеска министерот за правда Бојан Маричиќ.
Во врска со екстрадицијата на поранешниот премиер Никола Груевски тој рече дека последниве три недели немаат добиено никакви нови одговори.
Никола Груевски има добиено политички азил поради објаснувањето дека е осуден во политички монтиран судски случај против него.
Извор: Нова Македонија