дома информација вест Папата Франциск доби на подарок јапонски автомобил на водород, изработен специјално за...

Папата Франциск доби на подарок јапонски автомобил на водород, изработен специјално за неговите потреби

914
0

Откако доби подарок Рено 4 и потоа Ламборџини Хуракан, кој го благослови и веднаш го испрати на аукција за добротворни цели, се чини дека новата „еко“ мобилност пристигна пред портите на Ватикан.

Папата Франциско, имено, доби подарок од Јапонската католичка епископска конференција (ЦБЦЈ) подарок на Тојота Мираи на водород, специјално прилагоден за неговите потреби за мобилност.

Автомобилот е едно од двете возила Тојота Мираи специјално произведени од Тојота и донирани на ЦБЦЈ за потребите за мобилност на Папата.

Должината на Мираи „папамобилот“ е 5,1 метри, а висината (вклучувајќи го и покривот) е 2,7 метри, што му овозможува на Папата да стои и да биде видлив за луѓето. Мираи (наречен по збор што на јапонски значи „иднина“) е првиот масовно произведен водороден автомобил, лансиран во 2014 година.

Извор: Jutarnjilist.hr