Испораката на вакцина против коронавирус ширум светот ќе биде најголем предизвик за транспорт досега, според авиоиндустријата.
Како што покажуваат проценките, ќе бидат потребни 8 илјади Боинг 747 авиони, соопшти Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА).
Вакцина против ковид-19 се упте нема, но ИАТА веќе работи со авиокомпаниите, аеродромите, глобалните здравствени тела и фирмите за лекови на глобален план за возушно подигнување на вакцините.
Програмата за дистрибуција предвидува една доза за еден човек.
– Безбедното доставување вакцини за ковид-19 ќе биде мисијата на векот за глобалната индустрија за воздушен транспорт. Но, тоа нема да се случи без внимателно планирање одпаред. И времето за тоа е сега – изјави извршниот директор на ИАТА, Александар де Џунијак.
Целиот текст мотете да го прочитате тука :
https://www.novamakedonija.com.mk/kovid-19/globalno-19/%d0%b7%d0%b0-%d0%b8%d1%81%d0%bf%d0%be%d1%80%d0%b0%d0%ba%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%b2%d0%b0%d0%ba%d1%86%d0%b8%d0%bd%d0%b0-%d1%9c%d0%b5-%d0%b1%d0%b8%d0%b4%d0%b0%d1%82-%d0%bf%d0%be%d1%82%d1%80/
Извор : Нова Македонија ;