Судењето врз база на обивнението на поранешниот генерал на армијата на Република Српска, Ратко Младиќ почна во 2011 година.
Пресудата го прогласи Ратко Младиќ за виновен, но одбраната побара дводневна расправа за судската пресуда и повторно судење или обвинителна пресуда.
Генералот Ратко Младиќ е обвинет за геноцид на муслиманското население во Сребреница.
Обивинителството, пак, се согласува да има повторно судење, но обвинителниот акт ќе се прошири на 6 други општини во кои имало геноцид во временски период од 1992 до 1995 година, а за кои како што се вели имаат цврсти докази за вмешаноста на Ратко Младиќ во воените дејства врз цивилно население.
Хаг беше озлогласен од страна на протагонистите на српската идеологија дека единствено за воени злосторства се гонат Срби, а не и други етнички групи.
Пред неколку дена беше повикан поранешен член на УЧК во Хаг под непознати причини дали е обвинет или свикан во својство на сведок.
И покрај тоа што тој е само втор член на УЧК процесиран во судските процеси на Хаг, косовските граѓани масовно протестираа пред ова одлука.
Извор: Нова Македонија