Над 30% од анкетираните превозници членки на СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ се соочиле со проблеми откако во нивниот камион нелегално биле уфрлени мигранти.
Плаќање на високи парични казни над 4000 евра, притвор и долги судски постапки за докажување на невиност во превоз на мигранти се чести проблеми на превозниците на товарни возила.
Стравот дека ќе се случи такво нешто е секојдневие во нивното возење кон западноевропските држави.
Последниот случај раскажан од надлежните институции е со превозник на стока од Турција кој на ГП „Богородица“ пријавил сомнеж дека во неговата приколка има луѓе. Откако царинските службеници ја отвориле пломбата на приколката забележале неколку мигранти во неа.
Мигрантската криза од почетокот на годината стана нова реалност за ЕУ особено за Грција, чии водени гранични премини ги користеа мигрантите чии граници ги отвори Турција и ги прошушти кон Грција.
По појавата на здравствената криза предизвикана од КОВИД19, мигрантската криза беше секундаризирана во значењето, но овие 30 дена по прекинот на мерките за здравствена заштита, повторно се забележуваат нови скандалозни и шокирачки обиди на мигрантите да најдат илегален транспорт преку границите кон западноевропските држави.
Извор: МИА