Владата на Македонија на својата официјална web страница ги објави протоколите за спортски натпревари, музеи, галерии, промотивни настани и меѓуградски превоз.
Овие пртоколи ќе овозможат реализација на спортските натпревари и отворање на музеи и галерии, но при почитување на посебни услови на организаија на простор и распоред на посетителите.
Покрај новите протоколи, направено е и проширување на постојните протоколи особено оние кои се однесуваат на угостителските објекти.
Забележани се низа нерегуларности во работењето на угостителските објекти во однос на протоколите за работа донесени од владата, поради што се воведени нови рестрикции и одредби.
Сите ставки од протоколите може да ги прочитате со кликање тука